Водителите на австралиската „Ченел 7“, малку се „занесоа“ кога мислеа дека камерите не ги снимаат за да ги кажат своите искрени мислења околу скандалот со светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и неговото пристигнување во Австралија.
Очигледно, тие немаа добро мислење за Србинот, сметајќи дека тој лажел при слетувањето на аеродромот во Мелбурн.
„Како и да погледнеш, Новак е лажлив и подол серко. Некои го поддржуваат, тоа е жално. Не верувам дека беше позитивен, виден е во Шпанија. Се заплетка во лагите и на крајот ќе се извлече“, велат во дел од коменарите.
Should @Channel7 reporters behave like this? #LetNovakPlay #istandwithnovak #IStandWithDjokovic #AustraliaHasFallen What do you think @OzraeliAvi pic.twitter.com/VNNm7x5ZXJ
— Uros Brkic (@urbr) January 11, 2022