Конор Мекгрегор ќе заврши во „инвалидска“ количка ако се бори со новата шведско-чеченска сензација Хамзат Чимаев, провоцира менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз.
26-годишниот Чимаев стана последната УФЦ атракција, откако го подобри својот скор на 9-0 со импресивен нокаут над Џералд Мершерт минатиот викенд, а претходно призна дека „залутал“ во Даблин во обид да го испровоцира Мекгрегор на борба во неговата вежбална.
Абделазиз, кој му е е менаџер и на стариот ривал на Мекгрегор, Нурмагомедов и на Чимаев вели дека нема да се случи ваков дуел.
„Хамзат би го ставил Конор Мекгрегор во количка, и тој би пиел со цевка до крајот на животот. Не сакам Хамзат да се бори со ментално нестабилни фајтери. Конор Мекгрегор е таков и му посакувам среќа. Хамзат би го убил. Навистина убил“, вели Абделазиз за „ТМЗ спортс“.