Мајк Тајсон, име кое привлекува милиони долари каде и да се појави, во 2003 година не беше во најдобра финансиска состојба, откако банкротираше, и мораше да го продаде неверојатниот дом во Конектикат за „само“ 4.5 милиони долари на раперот 50 Сент.
Само една година по неговиот последен меч за титулата, поразот од Ленокс Луис, Тајсон мораше да побара заштита од банкрот со долгови над 23 милиони долари и покрај тоа што дотогаш имаше над 300 милиони долари заработувачка.
Во неверојатната куќа има 21 спална соба, 25 тоалети, терени за кошарка (надвор и внатре), неколку базени, кино-соба, огромна кујна, но и ноќен клуб внатре во куќата.
Сепак, 50 Сент не се усреќи. Тој се жалеше дека троши месечно 70.000 долари само на оддржување и кога ја постави на продажба, чекаше 12 години за следен купувач. На почетокот раперот бараше 20 милиони долари, за на крајот да ја продаде за само 3.2 милиони долари, односно на крајот тој да биде во загуба.