Николас Пабло Демарио го прати Хосуе Варгас на подот во петтата рунда од нивниот боксерски меч и водеше на поени, пред несфатливо да реши да го гризне својот противник, добивајќи казнен поен и н крајот губејќи го мечот.
Секако, ова веднаш предизвика споредби со (не)славниот потег на Мајк Тајсон на мечот со Ивандер Холифилд во 1997 година, кога одгриза дел од увото на противникот и беше дисквалификуван.
Демарио помина полесно, откако судијата реши да не го прекине мечот по гризењето на рамото, и доби само казнен поен. Дотогаш тој водеше со 47:46, 47:46, 46:46, пред Варгас да ги добие последните три рунди и да победи со 76:73, 76:74, 76:74.