Top Sport

Навратилова: Политиката го уништува тенисот

Мартина Навратилова, поранешната најдобра тенисерка во светот, исто како и актуелниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ, не се согласува со одлуката на организаторите на Вимблдон да не дозволат учество на руски и белоруски тенисери оваа година.

„Политиката го уништува тенисот. Протерувањето на Русите и Белорусите не е начин да се реши проблемот. Колку и да ги жалам украинските тенисери и народот, мислам дека Англичаните претераа со овој потег“, изјави легендарната Навратилова.

Ниту АТП ниту ВТА не ја поддржаа одлуката на Вимблдон.

„Се случуваат многу лоши работи, но ова е сосема погрешна одлука на Англиската тениска асоцијација. Ова нема да помогне никому. Разбирам казнување на тимови, но мислам дека од тоа треба да се изземат поединците“, истакна Навратилова.

Scroll to Top