Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз на стартот од турнирот во Сплит, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа загуби уште во првото коло од четвртата носителка Тара Вирт во два сета.
Македонската тенисерка го првиот сет со 3:6, а во вториот стигна до тај-брејк, но таму не успеа да освои ниту еден поен (0:7).
На Ѓорческа подобро во Сплит и оди во игра на двојки. Заедно со Вероника Ерјавец ќе се бори за полуфинале против Екатерини Горгоѕе и Лејра Ромеро Гормаз.