Top Sport

Радукану го склучи првиот голем договор, стана заштитно лице на „Тифани“

Новата британска тениска кралица, шампионката од САД опен, Ема Радукану почна да ги исполнува очекувањата за богати спонзорски договори, стаснувајќи заштитно лице на елитната компанија за продажба на накит, „Тифани“.

18-годишната Радукану заработи 2.5 милиони долари за победата на Флешинг Медоуз, каде што влезе преку квалификациите, и британските медиуми предвидуваат дека ова е само почеток на една богата кариера.

Радукану првпат носеше накит на „Тифани“ во финалето во Њујорк, кога американската компанија и даде часовник од 20.000 долари и дијамантски обетки.

Scroll to Top