Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, и покрај тоа што има 36 години и има хронични проблеми со повредите, сè уште не планира да се повлече од активното играње.
„Јас сум доста реална личност, ќе дојде моментот кога ќе биде потребно, подготвен сум за живот надвор од тенисот. Мислам дека нема да ми биде проблем, освен процесот на адаптација на промените. Има многу важни работи во животот кои ме прават среќен надвор од тенисот. Тенисот е важен дел од мојот живот, но има и други работи, секако. Мислам дека мојот крај не може да дојде во блиска иднина, никако“, изјави Надал.
Шпанскиот тенисер продолжува да игра со истата страст.
„Ако мислиш дека ќе го постигнеш сето тоа на 18 години, или си многу арогантен или си голем сонувач. Јас не сум ни едното ни другото. Јас сум еден од оние кои дишат за овој спорт, работат секојдневно, градат иднина, живеат. Во овој момент да се биде тука е подарок, но јас продолжувам со истата страст и ентузијазам“, додаде шпанскиот тенисер.
Сопственикот на 22 гренслем титули моментно е на турнеја во Јужна Америка.