Олимписката шампионка во гимнастика, Ели Рајсман го „расплака“ тренерот-педофил кој ја злоставуваше во моќен говор во судот.
При одредувањето на казната на поранешниот доктор на гимнстичкиот тим на САД, Лери Насар, Рајсман одржа 15-минутен говор, порачувајќи му дека веќе не е изолирана и слаба.
„Го вративме нашиот глас и нема да замолчиме. Веќе не сум малото девојче кое го сретна во Австралија и почна да го манипулираш. Тука сум да се соочам со тебе и да ти порачам дека ја вратив силата. Веќе не сум жртва, туку сум човек кој преживува. Работата се сврти и сега е твое време да не слушаш“, велеше без треперење во гласот Рајсман.
Рајсман беше капитен на американскиот гимнастички тим на Олимпијадите во Лондон во 2012 и во Рио во 2016 година, и една од повеќето гимнастичарки кои открија дека Насар сексуално ги злоупотребувал. Насар, од друга страна, е осуден за поседување на детска порнографија и призна дека е виновен во 10 обвинувања за силување во ноември.
Рајсман влезе во напад и на официјалните лица на гимнастичката федерација на САД, која не направила ништо да ги заштити.
„За овој спорт да продолжи, потребна е вистинска промена и треба да се бориме за тоа. Јасно е дека на овие организации не треба да им се верува бидејќи историјата ќе се повтори“, изјави Рајсман.
Ексдокторот на американските гимнастичарки доби 60 години затвор
Американската гимнастика во хаос – Рајсман обвини за сексуална злоупотреба