Поранешната кинеска тенисерка Шуаи Пенг се „јави“ со писмо до ВТА турнејата по сомнежите дека „исчезнала“ откако го обвини поранешниот вицепремиер на Кина, Жанг Гаоли за сексуално злоставување, велејќи дека е убаво да се види дека светот се грижи за неа, но дека нема вистина во вестите објавени од светските медиуми.
35-годишната Пенг, која најголемите успеси ги имаше во тенис во двојки, преку кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави дека била „принудена“ во сексуални односи со 75-годишниот Жанг, но сега во пораката до претседателот на ВТА, Стив Сајмон ги демантира извештаите дека „исчезнала“.
„Поздрав до сите, тука е Пенг Шуаи. Во однос на последните вести кои беа објавени на официјалниот веб-сајт на ВТА, соддржината не беше потврдена од мене и беше објавена без моја согласност. Вестите во таа објава, вклучувајќи ги обвинувањта за сексуален напад не се вистинити. Не сум исчезната, ниту сум во небезбедна ситуација. Се одмарам во мојот дом и работите се добри. Благодарам за грижата кон мене. Ако ВТА сака да објавува вести за мене, ве молам верификувајте ги и прашајте ме за согласност. Се надевам дека ќе го промовирам кинескиот тенис со вас во иднина. Благодарам за вниманието“, напиша Пенг.
Chinese tennis star Peng Shuai has sent an email to Steve Simon, the WTA Chairman & CEO, CGTN has learned. The email reads: pic.twitter.com/jb6yXwxENA
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 17, 2021
Пенг Шуаи „исчезна“ по обвинувањата за сексуално злоставување