Американската тениска легенда Серена Вилијамс смета дека била „помалку платена и помалку ценета“ во цела нејзина кариера поради бојата на кожата, оценувајќи дека морала да работи понапорно за да го добие признанието во однос на белите противнички.
Во интервју за британскиот „Воуг“, 39-годишната Американка вели дека била третирана поинаку од нејзиното професионално деби во 1990-тите и дека имала премногу пречки на својот пат. 23-кратната гренд слем шампионка беше прогласена за втора најбогата спортистка во 2020 со заработувачка од 49.9 милиони долари, зад Јапонката Наоми Осака.
„Никогаш не сум била личност која велела дека сака да биде бела или сака да има побел тен. Ми се допаѓа која сум и како изгледам. Сега, со ‘Black Lives Matter’ и ние како црни луѓе имаме глас и технологијата ни помогна. Ги гледаме работите кои беа скриени со години, низ кои ние поминувавме. На крајот на мај ми се јавуваа толку бели луѓе и ми велеа: ‘Извини за тоа низ што поминуваше’. Не можат да разберат, но почнаа да гледаат. Јас го зборував тоа цела моја кариера“, вели Серена.
“The sports icon has a career that, for longevity and impact, is almost without parallel,” says @Edward_Enninful of his November cover star, @SerenaWilliams. https://t.co/t59FjIgDsL
— British Vogue (@BritishVogue) October 5, 2020