На ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури му бил забранет влез во Соединетите Американски Држави поради неговите врски со мафијашкиот шеф Даниел Кинахан, тврдат британските медиуми.
Според ирските власти, Кинахан е шеф на криминална група во Даблин, а во април оваа година, и американските власти го санкционираа Ирецот и членови на неговото семејство, а Стејт департментот објави награда до 5 милиони долари за информации по кои би бил уапсен Кинахан.
Кинахан во минатото беше советник на Фјури, но боксерот потоа де дистанцираше од него, иако во февруари беше фотографиран со мафијашот во Дубаи, иако потоа се правдаше.
„Само бидејќи имав фотографија со човек, не значи дека сум криминалец. Јас сум боксер. Може да има криминалци и тука во овој момент“, изјави Фјури во февруари.