Филип Миркуловски посакуваше кариерата во националнот дрес да ја заокружи со двомеч против Чешка за пласман на СП 2023 и желбата му се исполни. Сепак, искусниот среден бек не е задоволен од играта на Македонија во Букурешт. Ракометарите направија многу технички грешки. Сепак, и покрај поразот (24:22), ја остварија целта и обезбедија втор бараж двомеч против Чешка.
„Мислам дека одигравме лошо, со многу технички грешки. Тешко се победува било која репрезентација со толку многу грешки. Првата цел е остварена, сега ќе одиме на дуели со Чешка во април и најважно што ќе имаме шанса да одиме на Светско првенство“, изјави Филип Миркуловски.
Натпреварите против Чешка се закажани за 13. и на 16. април.