Top Sport

Селекторот Савевски го скрати списокот на ракометарки за баражот против Украина

Селекторот на женската ракометната репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го скрати списокот на ракометарки за бараж двомечот против репрезентацијата на Украина за пласман на Светското првенство 2023 година.

Првиот натпревар против Украина ќе се игра на 8. април на домашен терен, додека реваншот на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.

Во националниот тим на Македонија се враќаат десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова.

Собирот на ракометарките ќе биде в понеделник на 3. април во 12.30 часот.

 

Scroll to Top