Top Sport

ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Металург во финалето на ракометниот Куп

ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Металург ќе играат во финалето на ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција. Денеска во Кавадарци, ЖРК Ѓорче Петров славеше против ЖРК Чаир со резултат 32:28, а Металург направи подвиг елиминирајќи го бранителот на трофејот, Куманово со 25:21.

Стојановска со седум гола и Николиќ и Василева со по пет гола беа најефикасни во редовите на ЖРК Ѓорче Петров, додека Теодора Дукоска со десет погодоци беше најдобра ракометарка во редовите на Чаир.

Ива Младеновска беше најдобра ракометарка во второто полуфинале и даде огромен придонес за пласманот на ЖРК Металург во финалето.

Финалиот меч од Купот на Македонија во женска конкуренција е закажан за утре, со почеток во 17 часот.

Scroll to Top