Кристијано Роналдо, покрај двата гола за Португалија во првиот меч од ЕУРО 2020, беше еден од најозборуваните фудбалери по отстранувањето на шишињата „Кока-кола“ од прес-конференцијата на португалската репрезентација, порачувајќи им да пијат вода.
Неговите фанови веднаш посочија на неговото интервју во кое тој признава дека на својот син Кристијано Јуниор не му дава да пие газирани пијалоци со шеќер и фаст-фуд, а потоа се појави и интересна информација дека акциите на „Кока-кола“ паднале за над 4 милијарди долари по неговиот потег.
Меѓутоа, малку поциничните фанови, посочија дека во минатото, на Роналдо не му пречеше да биде заштитно лице на компанијата, како што покажуваат овие фотографии. Желбата за здрав живот исто така не му пречеше да биде спонзор и на фаст-фуд ланците ресторани „КФЦ“ и „Мекдоналдс“.
УЕФА реагираше за тргањето на шишињата, одговарајќи дека „секој има право на избор на пијалок според своите вкусови и потреби“. На фудбалерите им се нуди вода, покрај Кока-кола и Кока-кола без шеќер на прес-конференциите.
Ronaldo promoted Coca Cola, KFC and Mcd’s https://t.co/Gq1a8qRsK7 pic.twitter.com/0auy68NkqJ
— Madrid Fan (@cristiano_peak) June 15, 2021
Еден потег на Роналдо ја чинеше „Кока-кола“ 4 милијарди евра