Формула 3 возачот, 18-годишната Софија Флерш се врати зад воланот на својот болид од тимот на Ван Амерсфорт на тестирањето во Монца, првпат по неверојатниот судир кој ја остави со скршен ’рбет.
На Макау ГП во ноември, болидот на Флерш летна од патеката со брзина од 276 км/ч и се тресна во шаторот во кој беа сместени новинарите, и сега само 105 дена откако ја преживеа оваа несреќа и избегна парализа, таа се врати на тоа што најмногу го сака.
Флерш вели дека главната амбиција останува – еден ден да се стигне до Формула 1.
All our thoughts and prayers goes to Sophia Flörsch and everyone involved in the horrible crash that just happened in #F3 #MacauGP pic.twitter.com/H9KwDQUHvx
— Troll Sports (@TroIISports) November 18, 2018
So happy ?❤️???? https://t.co/EKWhqWmyub
— Sophia Floersch (@SophiaFloersch) March 5, 2019