Боливискиот физиотерапевт Лукас Нава, кој беше во центарот на бурната расправија со Лионел Меси при 2:1 победата на Аргентина над Боливија во Ла Паз во квалификациите за СП 2022, открива дека добивал закани по животот по оваа случка.
Аргентинскиот капитен Меси и боливискиот капитен Марсело Морено добија жолт картон за расправијата по крајот на мечот, а главна мета на бесот на Меси беше токму физиотерапевтот Нава.
„Најверојатно се работи за недоразбирање и не се случи ништо посебно. Се работи за нормални навреди кои ги користат Аргентинците и мислам дека немаше лоша намера. Мечот беше завршен, видов дека може да има тепачка и затоа се вмешав. Кога си дел од еден тим, нормално е да се браниш, а ме болеше што мојот син го слушаше тоа на ТВ. Добив повици од насекаде, дури од Шпанија. Навреди и закани по животот“, вели Нава, кој исто така е Аргентинец.
Снимките покажуваат дека Меси го обвинува Нава за „врескање“ во текот на целиот меч и му се обраќа со зборовите: „Што е твојот проблем, ќелав!“, но и навреда кон мајката на Нава. Блискиот пријател на Меси, Серхио Агуеро на Инстаграм напиша дека Нава требал да добие „шлаканица по ќелавицата“, но Нава вели дека не се лути.
„Хуморот е дел од фудбалот. Јас како Аргентинец не можам да бидам против Меси, бидејќи тој е најголемиот. Средното име на мојот син е Лионел поради него“, вели Нава.
LA LECTURA DE LABIOS DEL CRUCE: "LA C… DE TU MADRE. ¿QUÉ PASA, PELADO?"
Quién es "el pelado" que se peleó con Messi tras finalizar el partido: https://t.co/ouhEGSY2tS pic.twitter.com/xoplQkk2Ey
— TyC Sports (@TyCSports) October 14, 2020