Top Sport

Фудбалер кој беше вклучен во размената за Осимен: Никогаш не ни бев во Лил

Луиџи Лигуори, еден од младинските фудбалери на Наполи, кој беше вклучен во трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи, потврди дека никогаш не бил во Франција, и го обвини Наполи дека му ја уништиле кариерата.

Трансферот е дел од истрагата во Италија за вештачко прикажување на вредности на трансфери, откако нигерискиот напаѓач Осимен беше продаден за 70 милиони евра и 10 милиони евра бонуси во 2020, но 20 милиони евра од овие пари беа претворени во четири фудбалери кои Наполи им ги даде на Лил – ветеранот голман Орестис Карнезис и тројца членови на младинскиот тим – Луиџи Лигуори, Клаудио Манци и Чиро Палмиери.

Во интервју за весникот „Ла република“, Лигуори, кој сега игра во „Ечеленца“ аматерската лига, го објасни неговиот случај.

„Бев на позајмица во Фермана во Серија Ц. Во јуни Наполи ни се јавија и ни дадоа две опции – да потпишеме едногодишно продолжување на договорот и да останеме или да потпишеме тригодишен договор со Лил како дел од договорот за Осимен. Што ќе направевте вие? Потпишавме со Лил, но никогаш не отидовме таму туку не оставија на позајмица во Италија. На 1 јули, Лил ни пратија порака дека треба да отидеме во Франција и предвреме ни ги раскинаа договорите. Мене ми поставија вредност од 4 милиони евра во трансферот, нешто што ми тежеше во кариерата и ме направи лут. На крајот сфатив дека тоа не е трансфер за мене, туку за некој друг. Во контакт сум со двајцата фудбалери кои беа исто така дел од трансферот, и Наполи ни ги уништи кариерите“, вели Лигуори.

Наполи платиле само 36 милиони за Осимен, иако пријавија трансфер од 81 милиони евра

Нови сомнежи околу легалноста на трансферот на Осимен во Наполи

Scroll to Top