Top Sport

Илузионистот Ури Гелер тврди дека тој го предизвикал промашувањето на Томас Милер

Во една од најбизарните приказни од ЕУРО 2020, познатиот изралеско-британски илузионист Ури Гелер тврди дека тој е одговорен за промашувањето на Томас Милер против Англија, откривајќи дека викнал „Еден, два, три, сврти“, пред асот на Баерн Минхен да ја пропушти најдобрата шанса на мечот.

При 1:0 за Англија, Милер беше во совршена позиција да го казни лошиот потег на Рахим Стерлинг, истрчувајќи сам пред голманот Џордан Пикфорд, но за малку беше непрецизен.

„Нема сомнеж во мојот ум дека јас бев одговорен за промашувањето на Милер. Се подготвував да излезам на сцена, бев зад завесата, а мојот помошник ја имаше апликацијата на ЕУРО на телефонот и го гледав мечот. Кога видов дека Англија победи, излегов на сцената и сите аплаудираа“, вели Гелер.

74-годишниот Гелер и во минатото тврдеше дека е одговорен за некои големи фудбалски моменти – на ЕУРО 1996 година, додека леташе со хеликоптер над „Вембли“ тврди дека го предизвикал промашувањето од пенал на Гери Мекалистер против Англија со телекинеза. Тој исто така тврдеше дека помогнал Рединг да избегне испаѓање во 2002, кога на фановите на клубот им порача да гледаат во неговите очи и да повторуваат: „Победи, Рединг, победи“. Тие остварија реми и останаа во лигата.

Scroll to Top