На фудбалерот на Манчестер сити, Олександер Зинченко, очигледно сè му оди од рака. Откако се промовираше во првиот тим на Пеп Гвардиола, и помогна Украина да се квалификува на Европското првенство во 2020, тој сега собра храброст и ја побара за сопруга прекрасната ТВ-водителка Влада Седан, која претходно неколку пати ја бакнуваше додека таа се обидуваше да му прави интервју.
„Најважното ’ДА’ во мојот живот“, напиша Зинченко на Инстаграм со фотографија на која е на колено пред девојката на „Олимпискиот стадион“ во Киев.
View this post on Instagram
Зинченко славеше пласман на ЕП: Сите да водат љубов цела ноќ! (видео)
Кога Зинченко ќе ја бакне водителката, тогаш нема проблем (видео)