Како и секогаш, од Русија ни доаѓаат најлудите ММА борби, а овојпат на сцена е бразилскиот култен фајтер Зулизињо, кој во минатото се бореше со имиња како Федор Емелианенко, а сега влезе во кафезот првпат од 2019 против Русинот Јусуп Шуаев и не помина најдобро.
42-годишната „планина“ успеа да го „закачи“ Шуаев со фантастичен удар при крајот на првата рунда, пред да почне да се радува дека го добил мечот. Меѓутоа, тоа не беше така – судијата го прекина мечот поради крајот на рундата. Потоа Шуаев се созеде во паузата и го доби мечот на поени.
Последната посета на Зулузињо, со вистинско име Вагнер да Консеисао Мартинс, на Русија беше во април минатата година кога присуствуваше на уште побизарен меч против шампионот во удирање шамари, Василиј Хамотскиј, кој заврши со реми.
Zuluzinho drops Shuaev at the bell and thinks the fight is over. Amazing pic.twitter.com/OQNhdIVdGZ
— caposa (@Grabaka_Hitman) February 23, 2021
Рускиот шампион во шамарање VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска „пресметка“ (видео)