Тенискиот судија, Карлос Рамос, конечно се огласи во јавноста по инцидентот што се случи во финалето на Ју-Ес Опен, во женска конкуренција, помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака.
Серена Вилијамс предизвика скандал, откако судијата, најпрвин поради две опомени и одзеде поен, а потоа кога Американката влезе во вербална расправија со него и го нарече „лажго“ и „крадец“, тој реши да и одземе цел еден гем.
Вилијмас го загуби финалето 2:6, 4:6, а по свечената церемонија, таа за медиумите го обвини Рамос за сексизам.
„Добро сум со оглед на се што се случи. Тоа беше многу деликатна ситуација, но судење според мени. Не се грижите за мене“, изјавил Рамос за весникот „Трибуна експресо“.
Рамос рекол дека ги избегнувал социјалните мрежи и дека само читал „балансирани“ текстови, а не сакал да се обрати во јавноста за да не направи дополнителни проблеми.
Светската тениска федерација (УТФ) застана во одбрана Рамос, а Ју-Ес Опен, поради однесувањето парично ја казни Серена Вилијамс со 17.000 долари.
ИТФ го брани својот судија по скандалот со Серена: Нашиот судија беше професионален