Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ е меѓу кандидатите за нов член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) пред изборот на 17 јуни, кога ќе треба да се гласа за нив преку Интернет.
Покрај Грабар-Китаровиќ кандидирани се уште две жени, Мари де ла Каридад Колон Руењес од Куба и Реме Бандар Ал-Сауд од Саудиска Арабија, како и двајца мажи: Батушиг Батболд од Монголија и претседателот на ИААФ и атлетска легенда, Себастијан Коу.
„Интернационалниот олимписки комитет и целото олимписко движење би имало корист од новите членови, најмногу поради нивната вештина и стручност. Целта е да има 30 отсто застапеност на жените на клучни позиции“, изјави претседателот на ИОЦ, Томас Бах.
Грабар-Китаровиќ стана популарна кај спортските, а посебно фудбалските фанови, откако на Светското првенство во 2018 година постојано беше покрај хрватската репрезентација, која стигна до историско финале во кое загуби од Франција.
„Танцот“ на хрватската претседателка стана хит на Интернет (видео)