Top Sport

Чимаев со закана: Сокријте го Конор од мене во Абу Даби

Хамзат Чимаев, шведската УФЦ атракција со чеченско потекло, порача на федерацијата да го „сокрие“ Конор Мекгрегор кога двајцата ќе се сретнат на „Островот на борбите“ во Абу Даби следниот месец.

Чимаев ќе влезе во кафезот против Британецот Леон Едвардс на Фајт Најт 185 на 20 јануари во меч во велтер категорија, пред Мекгрегор во шоуто на вечерта да се судри со Дастин Поаире три дена подоцна на УФЦ 257

Чимаев, кој претходно го критикуваше Мекгрегор за „тепањето“ на старецот во пабот во Даблин во април 2019 и изјави дека би го „убил“ Ирецот ако го направи тоа на неговиот татко, и сега вели дека е подобро нивните патишта да останат различни.

„Ако го видам на островот, нешто сигурно ќе се случи. УФЦ мораат да се потрудат и да го сокријат од мене“, вели 26-годишниот Чимаев.

Чимаев стана сензација во УФЦ откако победи во своите три меча во федерацијата за само 66 дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ufc (@ufc)

УФЦ: „Новиот“ Хабиб, Чеченецот Чимаев во расправија со Мекгрегор

Чеченецот го спружи противникот за 17 секунди

Мекгрегор го прифати предизвикот на Чимаев?

Scroll to Top