Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик ја загуби поддршката на неговиот роден крај, откако Советот на Крим му ја одзеде титулата „почесен работник во физичката култура и спортот на Крим“.
35-годишниот Усик, кој се подготвува за римеч со Британецот Ентони Џошуа, е роден во Симферопол, на Крим, но во последните години со семејството живее во Киев. Пред војната во Украина, тој токму од Украинците беше обвинуван дека не е доволно голем патриот заедно со неговиот близок пријател, Василиј Ломаченко, но сега, откако се вратија во Украина и се пријавија во територијалната одбрана, станаа непријатели на Русија и на про-руското население во земјата.
Советот на Крим одлучи дека Усик, заедно со поранешните украински претседатели Леонид Кравчук и Леонид Кучма не се „достојни“ за да ја носат нивната почест.
„Тоа е се луѓе кои ја поддржуват водената и енергетската блокада на Крим, кои се противат на нашето легитимно соединување со Русија, и луѓе кои се потемнети од русофобија. Такви луѓе не треба да ги носиме во добри сеќавања“, изјави претседателот на Парламентот на Крим, Владимир Константинов.
Усик: Поради политиката загубив милиони во спонзорство во Украина
Усик ќе оди на Крим, ќе предизвика политичка скандал во Украина?